ПРОИЗВОДИТЕЛ: Birkenstock GmbH - Neustadt, GER
УВОЗНИК: Квазар Петар ДООЕЛ- Коле Неделковски 22, Скопје
Германскиот производител на анатомски обувки - BIRKENSTOCK - го пренесува своето долгогодишно искуство стекнато уште во 1774 година од генерација на генерација. Искуството во правење обувки и традиционалното знаење ви ветува висококвалитетно, можеби дури и најдобро производство на обувки во Сојузна Република Германија.
BIRKENSTOCK-made in Germany - е компанија со производство на обувки од “копче до влошка” и ги комбинира најновите научни знаења во ортопедијата и најсовремената технологија во производството на обувки, што ви овозможува безпрекорна удобност. Во 90-тите години, наследниците Стефан, Алекс и Кристијан ги основаа BIRKIS, PAPILLIO, BETULA, ALPRO, FOOTPRINTS i TATAMI -licensed by Birkenstock - за да се задоволи побарувачката на нивните лојални клиенти низ целиот свет.
Анатомски обликуваните влошки на BIRCKENSTOCK оптимално постигнуваат рамномерна распределба на телесната тежина на стапалото и оддржуваат природно движење.
На влошките се истакнува следното:
1. Работ на влошката е особено висок за да ги заштити прстите.
2. Држачот за прстите обезбедува оптимално водство за природно движење на стапалата и го стимулира зголемениот проток на крв во стапалата при одење.
3. Напречен лак кој го држи стапалото во природна и правилна позиција.
4. Природната прекривка од велур обезбедува вашето стапало да дише.
5. Внатрешната и надворешната надолжна подлога му даваат рамнотежа на стапалото при газење.
6. Длабоката вдлабнатина на петицата му дава на стапалото целосна стабилност и го поддржува природното ткиво.
7. Влошката од плута и латекс е исклучително флексибилна и се грижи за уникатната удобност кога при носење.
