Политика за колачиња

Што е политика за колачиња?
Кога ке дојдете на нашиот сајт или ги користите нашите услуги, Office Shoes Mk, собираат колачиња кои содржат податоци за вас. Оваа страна ја објаснува политиката за користење на колачиња и слични технологии во www.officeshoes.mk.


Што се колачиња?
Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога го посетувате веб сајтот. Кога следен пат ќе го посетите пак истиот сајт, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат вашите преференции и други информации но не можат да читаат ваши податоци или информации од вашиот храд диск или пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други сајтови.
Колачињата кои што се директно поставени од сајтот се нарекуваат “колачиња од прва страна”. Колачињата поставени од други страни се нарекуваат “колачиња од трети-страни”.


Зошто се користат колачињата?
Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на апликациите и веб-сајтот од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата дозволуваат, на страната која што ги поставува, да препознаваат корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците.
Оваа веб-страница употребува различни видови колачиња.


Колачиња што ние ги користиме:
Неопходни колачиња (necessary cookies). Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата, употребата на кошничка за купување (shopping cart), наплата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира исправно. Претпочитани колачиња (Preference cookies). Претпочитаните колачиња ѝ овозможуваат на веб-страницата да ги запомни информациите кои го менуваат начинот на кој таа се однесува или изгледа, како на пример Вашиот претпочитан јазик или регионот во кој се наоѓате.
Статистички колачиња (Statistical cookies). Статистичките колачиња ни помагаат да разбереме на кој начин посетителите комуницираат со веб страната преку анонимно собирање на информации.


Дали добивам колачиња преку е-маил?
Нашите е-маил пораки содржат колачиња кои што доставуваат информации за тоа дали сте го отвориле е-маилот и дали сте кликнале на одреден линк во истиот. Овие колачиња се уникатни за секој корисник, односно два корисници со добиена иста порака имаат свои посебни и уникатни колачиња. Овие колачиња служат само за аналитички цели и не се задржуваат на вашиот уред.


Пиксел за следење (Web Beacon)
Покрај колачињата користиме и други технологии за да ги препознаеме и следиме посетителите на нашата страна. Web Beacon или пикселот за следење (tracking pixcel) е графичка слика (најчесто еден пиксел) која се пренесува преку пребарувач или HTML email порака, најчесто заедно со колачето.
Пикселите за следење ни овозможуваат, на пример, да следиме како корисниците се движат од една на друга веб страна, како пристапиле на сајтот, дали со кликнување на одредена реклама на Facebook или веб-банер поставен на трета страна-за да научиме и ги оцениме перформансите на рекламите и воопшто на целиот сајт.